Македонија со пет претставници во европскиот ракомет следната сезона

Фото: ГРК Тиквеш

Oд следната сезона Македонија ќе има пет претставници на ракометната европска сцена. ЕХФ денеска потврди дека екипата на Тиквеш добила вајлд-карта за настап во Европскиот Куп.

Како петти на табелата во Суперлигата минатата сезона, Тиквеш побара вајлд-карта и доби позитивен одговор.

Минатата година кавадарчани во ова натпреварување беа елиминирани од Кремс од Австрија. ЕХФ Купот Тиквеш ќе го стартува од првото елиминационо коло.

Така Македонија во Европа во сезоната која следи ќе ја претставуваат Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, Вардар во Европската лига, а во ЕХФ Купот ќе бидат уште Алкалоид и Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот