Македонија со две победи најдобра на „Трофеј Карпати“

фото/фејсбук

Младите ракометари преку овие тест мечеви за борат за место во конечниот список патници за Европското првенство 2020 година.

Денеска во големото финале на турнирот „Трофеј Карпати“ македонската репрезентација го совлада домаќинот Романија со резултат 24:20.

Иако после првото полувреме водеа Романците со два голови позитива (12:10), во вторите 30 минути избраниите на селекторот Данило Брестовац направија пресврт.

Македонија – Романија 24-20 (10-12)

Македонија: Кизиќ (1 сед) Митревски 1 (14 одб), Костески 2, Н. Маркоски 4, В. Маркоски, Мишевски 1, Димитриоски, Танкоски 8, Георгиевски 1, Димитриевски, Петров 2, Кукуловски, Серафимов, Јагуриноски, Маџовски 2, Поповски 3, Крстевски, Манасков, Велковски, Аларов

На тој начин нашата селекција го освои првото место на меѓународниот турнир што значи кревање на позитивната атмосфера пред настапот на Европското првенство 2020.

На овие тест мечеви бевме без К. Лазаров, Ф. Талески, Ф. Кузмановски, Д. Манасков, Б. Ристовски, воглавно настапија помладите кои се борат за место во конечниот список патници за континенталниот собир.

Потсетување дека претходно во полуфиналето македонските ракометари беа подобри од селекцијата на Алжир.

На ЕП „црвено-жолтите“ мечевите од групната фаза ќе ги игра во Виена, ривали им се Австрија, Украина и Чешка. Прв противник е Украина на 10. јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот