Македонија сега сонува мундијалски – дали оваа генерација ќе ја оствари целта со Милевски?

epa09279913 Players of North Macedonia applaud fans after the UEFA EURO 2020 group C preliminary round soccer match between Ukraine and North Macedonia in Bucharest, Romania, 17 June 2021. EPA-EFE/Robert Ghement / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Денеска Фудбалската федерација на Македонија објави дека од 1 август Благоја Милевски ќе биде новиот селектор на нашата А репрезентација.

После третиот последен натпревар на Македонија на Европското првенство, досегашниот селектор Игор Ангеловски го најави заминувањето од клупата. Првиот човек на ФФМ истакна дека Ангеловски по завршувањето на ЕП ќе бара нови предизвици во својата кариера.

За новиот кормилар на сениорската селекција, Муамед Сејдини вели дека Милевски е човекот кој го регенерираше македонскиот фудбалски крвоток, создаде неверојатна група на фудбалери кои зад себе веќе имаат настап на две Европски првенства, младинско и сениорско и уверени сме дека тој пат мора да продолжи.

Официјално: Милевски од 1 август нов селектор на македонската А репрезентација!

На ЕП во Полска за играчи до 21 година во 2017 Милевски ја водеше младата селекција во чиј состав тогаш беа Дамјан Шишковски, Ѓоко Зајков, Дарко Велковски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Бобан Николов, Енис Барди, Елиф Елмас, Даниел Аврамовски, Марјан Радески, Тихомир Костадинов, кои сега се веќе во сениорската репрезентација. А секако во тимот се и други големи надежи на македонскиот фудбал кои се веќе во кругот на најдобрите, Дарко Чурлинов, Милан Ристовски и Ристо Јанков.

И самиот Горан Пандев кој ја заврши репрезентативната кариера на ЕП истакна дека верува во квалитетите на оваа генерација и е сигурен дека овие играчи уште многупати ќе нè радуваат.

И најдобрата македонска репрезентација ја оствари желбата да настапува на едно големо натпреварување, иако со три порази достојно се претставивме, се боревме, големо искуство и за фудбалерите.

Фото: ФФМ

Секако сите посакуваме и во иднина Македонија да ја гледаме на големите натпреварувања, а се надеваме дека веќе следното година повторно ќе биде во кругот на најдобрите.

Во овој случај следното Светско првенство кое ќе се одржи во Катар во еден невообичаен период од 21 ноември до 18 декември 2022 година поради високите температури во оваа земја во текот на летниот период.

Македонија по првите три кола во квалификациите успешно стартуваше, најпрвин беше минимално поразена од Романија во Букурешт (3:2), потоа оствари висока победа во Скопје над Лихтенштајн (5:0), а потоа ја приреди и онаа сензација во Дуизбург против Германија (1:2).

Моментно во квалификациската група „Ј“ води изненадувачки Ерменија со девет бодови, пред Македонија со шест, колку што има и третопласираната Германија, по три имаат Романија и Исланд, последен е Лихтенштајн без бодови.

Првиот официјален меч Милевски со сениорите ќе го има во Скопје против Ерменците на 2 септември, три дена подоцна гостуваме во Рејкјавик кај Исланд, а на 8 септември ќе ги пречекаме Романците.

Пандев уште еднаш му се заблагодари на селекторот: Шефе, благодарам е малку да ти кажам, го сплотивте цел македонски народ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот