фото: РФМ

Македонија против Катар во вториот меч од главната фаза на Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација денеска од 15.30 часот ќе го одигра својот втор натпревар во главната фаза на Светското првенство, а противник е селекцијата на Катар.

Нашите најдобри играчи одиграа реми против Австрија и со мали шанси за пласман во четвртфиналето на Мундијалот. Сепак, избраниците на Кирил Лазаров сакаат да извојуваат барем една победа во главната рунда, што би било голема награда за тимот и навивачите кои отпатуваа за Вараждин, Хрватска.

Филип Кузмановски се наметна како срцето на оваа млада селекција, покажувајќи го своето лидерство со 35 гола на четири меча, а против Австријците во последните секунди донесе бод. Цврстата одбрана и брзата игра можеби ќе биде комбинацијата потребна за да го победат Катар.

Катар, предводен од поранешниот македонски селектор и екс тренер на Вардар 1961, Веселин Вујовиќ, стигна до својата прва цел со пласманот во главната фаза.

Сепак, против Холандија се бореа и го дадоа својот најдобар настап на натпреварувањето со минимален пораз од 38:37. Кај Катарците водечката улога ја имаат Френкис Марзо и Жарко Марковиќ. Сега без никакви шанси да се доближат до врвот ќе се борат за што подобар пласман, а победата на овој меч против Македонија е приоритет.

Ова ќе го одбележи само вториот меч меѓу двете репрезентации – нивниот прв дуел беше на Светското првенство во 2013 година кога Македонија победи со 34:30 во групната фаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот