Македонија против Франција за пласман на Светското првенство 2021

фото: рфм

Првиот меч од баражот ќе се игра во Скопје во периодот од 05 до 07 јуни, додека реваншот на гостин ќе се одигра во периодот од 09 до 11 јуни 2020 година.

Денеска во Виена се одржа извлекувањето на двојките за баражот за Светското Првенство што од 14-31 јануари 2021 година ќе се игра во Египет. Македонија, како дел од вториот шешир во извлекувањето, за противник во баражот ја доби селекцијата на Франција.

Првиот меч од баражот ќе се игра во Скопје во периодот од 05 до 07 јуни, додека реваншот на теренот на ривалите ќе се одигра во периодот од 09 до 11 јуни 2020 година.

Традиционално Французите се секогаш едни од кандидатите за највисок пласман на големите натпреварувања. Тие имаат најмногу златни медали од светските шампионати, вкупно шест, на СП 2019 го освоија бронзениот медал.

принтскрин/youtube

На последниот евро шампионат 2020 „триколорите“ имаа неочекувано слаби перформанси и го освоија дури 14. место, веднаш пред нас во конечниот генерален пласман. Но, секако не се заборава фактот дека трипати беа европски шампиони.

На СП во Египет, покрај организаторот и актуелниот шампион Данска, пласман веќе имаат обезбедено: Хрватска, Норвешка, Шпанија, Алжир, Ангола, Капе Верде, Конго, Мароко, Тунис, Бахреин, Јапонија, Катар, Јужна Кореја, Аргентина, Бразил и Уругвај.

Мундијалот ќе се игра во пет градови: Каиро, Шарм Ел Шеик, Хургада, Суез и Луксор. Ќе настапат вкупно 32 репрезентации поделени во осум групи по четири репрезентации, а предвидено е да се игра во периодот од 14 до 31 јануари 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот