Македонија против Англија за влез во квалификациите за ЕП

ffm.mk

После настапот во претквалификациите во Скопје, футсалците на Скендеровски првиот меч од баражот ќе го играат на гостински терен.

Во изминатиот период на претквалификацискиот турнир во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје избраниците на селекторот Скендеровски го освоија второто место, но не успеаја да обезбедат настап во главните елитните квалификации за учество на Европското првенство 2022.

Таму ќе мора македонската футсал репрезентација да оди преку баражот, а ждрепката одлучи да ги одмери силите против Англија.

Во првиот меч домаќини ќе бидат Англичаните на 8 април, а една недела подоцна е реваншот на наш терен.

Во другите двојки се среќаваат: Турција-Грција, Швајцарија-Германија, Сан Марино-Данска, Израел-Кипар и Бугарија-Ерменија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот