Македонија преку Литванија обезбедува бараж за СП

Фото: Филип Вирановски/gol.mk

Денеска најдобрата македонска женска репрезентација ќе го игра и вториот натпревар од квалификацискиот турнир во Скопје за учество во баражот за Светското првенство во Шпанија.

Вчера во првиот ден избраничките на селекторот Симе Симовски започнаа успешно со триумфот над Исланд од 24:17. Со почеток од 17.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ нашата селекција ќе игра против Литванија која на стартот славеше над Грција со 27:26.

Со евентуален триумф нашите ракометарки и дефинитивно ќе го обезбедат местото во мундијалскиот бараж, а доколку тоа не се случи, ќе има уште една шанса в недела против грчката селекција.

Составот на Македонија за денешниот натпревар: Стојановска, Гакидова, Боризовска, Седлоска, Џатевска, Ѓорѓиевска, Серафимова, Јанкуловска, Мицевска, Јовановска, Кипријановска, Ристовска, Ливриниќ, Стојковска, Дабевска, Гичевска.

Од 19.00 часот ќе се игра и вториот меч помеѓу репрезентациите на Исланд и Грција.

Фото: Филип Вирановски/gol.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот