Македонија пред публика ќе ги игра натпреварите на ЕП!

Голот на Горан Пандев против Грузија во баражот за ЕП 2020/фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Вчера беше објавено дека уште 100 дена има до стартот на следното Европско првенство, а на континенталните собири ќе дебитира македонската А репрезентација.

„Црвено-жолтите“ предводени од селекторот Игор Ангеловски ќе играат против селекциите на Романија, Украина и Холандија на терените во Букурешт и Амстердам.

Велика Британија се понуди да биде главен организатор на мечевите, но европската куќа на фудбалот нема намера да го менува планот.

Информациите од Романија велат дека натпреварите на Националната арена во Букурешт ќе се играат со публика, но во ограничена бројка.

Тамошните власти го прифатија предлогот на организацискиот одбор за дозвола на присуство на гледачи на трибините до 25% од вкупниот капацитет од националната арена во Букурешт. Ова значи дека ќе има гледачи, но не повеќе од 12.000 (од вкупно 55.000 места колку што има на стадионот).

Дебито на Македонија се очекува да се случи на 13 јуни токму во Букурешт против Австријците. Во романската престолнина ќе играме и против Украина, а во Амстердам против Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот