Македонија пред пласман во футсал квалификациите за ЕП, Англија ги откажа бараж натпреварите

фото: ФФМ

Англиската фудбалска Федерација  преку официјален допис до Фудбалската федерација на Македонија извести дека футсал репрезентацијата на Англија нема да допатува во Скопје и нема да ги одигра бараж натпреварите за пласман во главната квалификациската фаза за пласман на Европско првенство против нашата селекција кои беа закажани за 8. и 9. ноември во Скопје.

Епидемиолошката состојба поврзана со епидемијата предизвикана од Ковид-19 и препораките од здравствените власти во Англија се причина за откажувањето на Националниот футсал тим на Англија од можноста да се надигруваат во бараж натпреварите за пласман во квалификациите за Европското првенство.

Одлуката е споделена до УЕФА и се чека на официјална потврда околу пласманот на Македонија во главната фаза квалификации за ЕП.

За нас е многу важно да се пласираме во главната фаза квалификации за ЕП и тоа беше наша цел и пред да ја добиеме информацијата од англиската асоцијација за нивното откажување. Посакувавме победа на терен, сепак за тоа се подготвуваме и работиме, но ова е време кое едноставно не може да се предвиди и свесни сме за предизвиците со кои се соочуваме од здравствен аспект. Во очекување сме на одлуката на УЕФА, а потоа ќе размислуваме за идните репрезентативни натпревари – изјави селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија, Васко Скендеровски.

Македонија ќе се најде во групата 4 со репрезентациите на Романија, Србија и БиХ, доколку УЕФА го потврди нашето учество во квалификациите за ЕП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот