Maкедонија повторно топ тема во регионот: Нов тектонски потрес за Заев

Зоран Заев
Зоран Заев / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Веста дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со опозициските партии и Движењето БЕСА формираше ново парламентарно мнозинство се одекна и во регионот , а реакции  имаше кај повеќе медиуми од Балканот.

 Српски Новости ја пренесе веста дека е формирано ново парламентарно мнозинство.

-Политичката криза во Северна Македонија почна по лошите резултати на владејачката коалиција меѓу СДСМ на Зоран Заев и Демократската унија за интеграција на Али Ахмети, после што Заев најави оставка на местото премиер и шеф на партијата, пишува Новости.

Радио Слободна Европа пишува дека клучна за новото мнозинство беше БЕСА.

Босански Кликс пишува дека Владата падна и дека ВМРО-ДПМНЕ има ново парламентарно мнозинство.

Вјести пишува дека по состанокот опозицијата има 61 од можни 120 пратеници.

Српски Курир пишува дека се случил нов тектонски потрес за Заев.

Бугарската агенција Бгнес објави дека Мицкоски има ново мнозинство кое Заев го оценил како антидемократски сојуз.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа објави дека има ново парламентарното мнозинство со Беса, Левица, Алијанса за Албанците и Алтернатива. Тој најави дека доколку премиерот Зоран Заев не ја поднесе најавената оставка тие ќе поднесат иницијатива за недоверба на Владата.

Мицкоски: Ќе го почекаме Заев да ја поднесе оставката, ако не, ќе изгласаме недоверба на Владата

Новото мнозинство го сочинуваат 61 пратеник, како што објавија дел од лидерите, со тенденција да се зголеми до 64 пратеници. Од СДСМ пак ги повикаа на соработка сите демократски сили и пратеници „да не остават траен печат со својот глас за нови кавги, уназадувања и меѓуетнички конфликти”.

Се огласи СДСМ: Ќе видиме дали ќе се избере нова анти-демократска, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот