Македонија повторно под „полициски час“ за нешто повеќе од три часа

Фото: МИА

За нешто повеќе од 3 часа стартува полицискиот час во република Северна Македонија, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. 

Од 22 часот до 5 часот наутро граѓаните ќе може да ги напуштат своите домови само со посебни дозволи.  Министерот за економски прашања Фатмир Битиќи  вели не беше лесно да се донесе одлуката за полициски час, но таа се воведува за да не дојде до построги мерки.

Отстапки од забраната ќе има само за граѓаните кои имаат потреба од итна медицинска грижа, но за нивното напуштање на домовите ќе треба да се најават во Министерството за внатрешни работи.  Одлуката за забрана за движење не важи за патниците што доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми.  За транспортерите на лица и на стока како дозвола ќе се прифаќа патниот налог, додека транспортерите што транзитираат ќе имаат обврска најмногу за 3 часа да ја напуштат државата.

Надлежните служби на граничните премини ќе ги пропуштат и патниците кои со лични возила ја напуштиле земјата пред воведувањето полициски час, при што ќе се спроведуваат и до сега активните мерки за задолжителен ПЦР тест за оние што доаѓаат од оние земји за кои оваа постапка е задолжителна. За непочитување на полицискиот час за физички лица предвидена е парична казна или затвор до една година, додека за правни лица Кирвичниот законик предвидува парична казна до 30 милиони денари. Македонија деновиве имаше над 700, но и над 800 заразени со коронавирусот  на дневно ниво. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот