Македонија повторно на пенали ја совлада Романија

ffm.mk

Македонската репрезентација до 16 години (генерација 2004.) одигра нерешено 2:2 против Романија до 16 години на возвратниот пријателски натпревар.

Нашата репрезентација предводена од селекторот Драган Канатларовски испушти победа во последната минута од дуелот, откако грешката на голманот Васко Василев ја казни Неаску во 90. минута.

Четирите погодоци беа постигнати во второто полувреме. Бесар Гучуфи беше двоен стрелец за македонската репрезентација со головите за водство од 1:0 во 71. минута и за 2:1 во 82. минута.

Во договор меѓу двете селекции, победникот го одлучуваа пенали, а нашата селекција славеше со 7:6.

Македонија до 16 години: Васко Василев, Мирче Стоилов, Бљенд Зекири, Енис Буќи, Матеј Ангелов, Матеј Ѓорѓиев, Михаил Талевски, Бесар Гуџуфи, Никола Павлески, Давид Љушев, Матео Софијаноски;

Замени: Стефан Тасев, Марко Ристов, Дашмир Елези, Георг Стојановски, Игор Јаневски, Огнен Здравковски, Борјан Попоски, Мите Митев, Хамза Меметриза; Селектор: Драган Канатларовски;

Првиот натпревар заврши без голови 0:0, но и на тој меч нашите надежи триумфираа на пенали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот