Македонија по изненадување против светскиот шампион Данска

Фото: EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany / POOL

Најдобрата македонска репрезентација денеска од 20.00 часот ќе ги продолжи натпреварите од квалификациите за пласман на Европското првенство (во 2022 година, Унгарија/Словачка), следен ривал е селекцијата на Данска.

Избраниците на новиот селектор Кирил Лазаров во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје ќе се обидат да го изненадат актуелниот светски шампион и со евентуалната трета победа би направиле голем и важен чекор на патот да се обезбеди уште едно учество на континенталните собири.

Лазаров ќе дебитира на селекторската клупа, но секако кога ќе има потреба како што истакнува и тој, ќе настапи на теренот и им помогне на соиграчите.

Лазаров: Чест ни е што новото поглавје во македонскиот ракомет го отвораме против најдобрите

Десниот бек вели дека нашата селекција е подготвена за овој двомеч, ќе се базира на поискусните, а ќе има и некое изненадување. Последните информации велат дека левото крило на Вардар 1961, Димитар Димитриоски нема да настапи на дуелите против Данците поради повреда.

Реваншот ќе биде три дена подоцна во Алборг со почеток од 16.00 часот.

Квалификации за ЕП 2022, 3. коло

Група „7“

Денеска
17.00 часот Финска – Швајцарија
20.00 часот Македонија – Данска

Табела:
1. Данска 4 бодови
2. Македонија 4
3. Швајцарија 0
4. Финска 0

Видео на денот