Македонија падна за едно место на ФИФА ранг листата

фото: Драган Митрески/Слободен печат

На најновата ФИФА ранг листа објавена денеска Македонија се наоѓа на 65 позиција со 1358 поени, веднаш пред Албанија, а зад Јамајка.

Имаме пад од едно место по поразите во септември од Грузија во Тбилиси (2:0) и Бугарија во Скопје (0:1) во Лигата на нации.

Како што е најавено, нашата А селекција до крајот на годината ќе одигра уште три пријателски натпревари, на 23 октомври со домашни фудбалери против Јамајка, потоа на 17 ноември против Финска и три дена подоцна со Азербејџан.

На врвот останува Бразил (1841 поен), пред Белгија, Аргентина, Франција, Англија, сега Италија е шестопласирана, а Шпанија на седмото место.

Во Топ 10 се наоѓаат уште репрезентациите на Холандија, Португалија и Данска. Целосниот ФИФА ранкинг можете да го погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот