Македонија падна две места на ЕХФ ранг листата

фото: вардар фанс

Македонскиот клупски ракомет падна за две позиции на најновата ранг листа на ЕФХ, според кој се врши распределбата на местата во европските купови. Падот нема да остави голем белег врз клупскиот ракомет бидејќи Македонија и во сезоната 2021/22 ќе има ист број на учесници во европските купови.

„Вина“ за падот од две места има и кај самата ЕХФ која го елиминира Вардар од Лигата на шампионите, односно по завршувањето на групната фаза ги откажа елиминациските натпревари поради пандемијата на коронавирусот и го закажа само фајналфор турнирот на кој ќе учествуваат најдобрите две екипи од двете групи. Вардар во осминафиналето требаше да се сретне со ПИК Сегед.

Исто така и останатите македонски екипи имаа послаби резултати во европските купови, односно освен Еурофарм Пелистер, ниту една друга екипа не играше во групната фаза од ЕХФ Купот.

Сепак, Македонија се уште има висок рејтинг со петтото место на ранг листата, а бевме прескокнати од Шпанија, додека Унгарија остана на четвртото место. На првите две места се Германија и Франција, додека зас нас се наоѓаат Полска, Данска, Португалија, Хрватска….

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот