Македонија отпатува за Португалија, Лазаров повика 18 ракометари

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денес македонските ракометари отпатуваа за Португалија каде што ќе се обидат да приредат изненадување и да се реваншираат на Португалците кои славеа во Скопје.

Ракометарите прво ќе летаат до Загреб, па за Цирих од каде што ќе се упатат за Порто. Селекторот Лазаров за овој натпревар поведе 18 ракометари, а отпадна голманот на Еурофарм Пелистер, Марко Кизиќ.

Првиот тренинг ракометарите ќе го имаат утре наутро во Матосињос, мало место во близина на Порто каде што ќе се игра натпреварот. Натпреварот се игра исто така утре во терминот од 18:30 часот.

ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ:

Митревски, Велковски, Ц.Кузманоски, Ѓорѓиев, Митев, Томовски, Маркоски, Кузмановски, Костески, Јагуриноски, Џонов, Стојковиќ, Пе.Атанасијевиќ, Серафимов, Петров, Мишевски, Младеновиќ и Аларов.

ФОТО | Македонија „покажа заби“, но Португалија заминува со победа од Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот