Македонија останува седма ракометна сила во Европа

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонија останува во врвот на европскиот ракомет и оваа година, го задржа седмото место на ранг листата на најуспешни земји во клупските натпреварувања. Коефициентот на Македонија изнесува 58.11 поени, и има дури 22 поени повеќе од осмата Португалија.

Седмото место на ранг листата и овозможува на Македонија во следната сезона да има четири претставници во Евро куповите, еден во Лигата на шампионите, а три екипи ќе играат во ЕХФ Купот.

Засега сигурни учесници во Европа се, шампионот Вардар кој повторно ќе игра во Лигата на шампионите, додека Еурофарм Работник и Металург ќе играат во ЕХФ Купот. По завршувањето на сезоната ќе биде познат и последниот патник во европското натпреварување.

На првото место на ранг листата се најде Франција, и заедно со Германија се двете земји кои имаат по пет места во евро куповите, пред доделувањето на вајл картите за ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот