Македонија остана непоразена на гостувањето во Словенија

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонската фудбалска репрезентација успеа да освои голем бод на гостувањето кај Словенија во рамките на второто коло од квалификациите за пласман на ЕП 2020 година. Избраниците на селекторот Ангеловски одиграа 1:1 со домаќинот и по две кола во групата Г имаат четири бода со кои се на делба на втората позиција на табелета. Голот кој ги остави фудбалерите непоразени беше дело на Енис Барди во 48. минута со што се извади за промашениот зицер во финишот од првото полувреме.

„Црвено-жолтите“ во натпреварот влегоа офанзивно, без намера да се бранат. Сепак прва во водство дојде Словенија со голот на Миха Зајц во 34. Минута. Водството на Словенија не ги исплаши избраниците на Ангеловски и во само 10 минути имаа три шанси преку капитенот Пандев, Елиф Елмас и Барди да дојдат до израмнување.

Вредниот бод за Македонија го донесе Барди во 48 минута откако одлично реагираше по центаршутот на Алиоски и со силен удар од 10-тина метри успеа да го „матира“ Облак.
По две кола Македонија има четири бодови со кои се наоѓа на делба на втората позиција на табелата заедно со Израел, додека лидер е Полска со две победи во двата меча.
Наредниот предизвик за Македонија се двата натпревари на арената „Филип Втори“ на 7. и на 10. јуни против Полска и Австрија.

СЛОВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 1-1 (1-0)
Стадион „Стожице“. Гледачи: околу 9.000.
СЛОВЕНИЈА: Облак, Стојановиќ, Струна, Мевља, Јокиќ, Крхин, Зајц (90’ Захович), Куртич, Вербич (83’ Чрнигој), Шпорар (71’ Берич), Иличиќ.
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Бејтулаи, Велковски, Муслиу, Алиоски (90’ Ристевски), Николов, Ристовски, Барди, Елмас, Пандев (76’ Трајковски), Несторовски (88’ Маркоски)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот