Македонија остана 68. на ФИФА ранг листата

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Фудбалската репрезентација на Македонија немаше ниту напредок ниту назадуваше на последната рагн-листа на ФИФА и 2019 година ќе ја заврши на 68.место. Ова е очекуван пласман за фудбалерите бидејќи од последното рангирање не одиграа ниту еден натпревар.

Противникот на Македонија во полуфиналето од Лигата на нациите, селекцијата на Косово годината ја завршува на 115.место.

На врвот исто така немаше промени, Белгија останува лидер пред Франција и Бразил. Англија е четврта, а потоа следуваат Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колубија, која ги заокружува најдобрите 10 светски репрезентации.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот