Македонија од четвртиот шешир ја чека жрепката за квалификациите за ЕП 2024

До завршувањето на последното шесто коло во групната фаза на Лига на нации не беше познато во кој шешир ќе биде македонската А репрезентација на жрепката на 9 октомври за квалификациите за Европското првенство во 2024 година.
Поразот од Бугарија во Скопје (0:1) значеше најава за преселба во послабиот петти шешир и можни незгодни противници во следниот квалификациски циклус за ЕП. За наша среќа во вторникот триумфираа селекциите на Грција и Косово против Северна Ирска (3:1), односно Кипар (5:1).
Во квалификациите кои ќе се играат во текот на 2023 година ќе се најдат 53 селекции. Ќе има седум групи со по пет репрезентации и три со по шест. Најдобрите две селекции од секоја група ќе се најде на ЕП. Последните три места ќе им припаднат на победниците од плеј-офот во Лигата на нации.
Прв шешир: Холандија, Хрватска, Шпанија, Италија, Данска, Португалија, Белгија, Унгарија, Швајцарија, Полска.
Втор шешир: Франција, Австрија, Чешка, Англија, Велс, Израел, Босна и Херцеговина, Србија, Шкотска, Финска.
Трет шешир: Украина, Албанија, Норвешка, Словенија, Република Ирска, Исланд, Црна Гора, Романија, Шведска, Ерменија.
Четврти шешир: Грузија, Грција, Турција, Казахстан, Луксембург, Азербејџан, Косово, Бугарија, Исланд, Македонија.
Петти шешир: Словачка, Северна Ирска, Кипар, Белорусија, Литванија, Гибралтар, Естонија, Летонија, Молдавија, Малта.
Шести шешир: Андора, Сан Марино, Лихтенштајн.
OFFICIAL: Confirmed Pots for EURO 2024 Qualifying draw
1 – 🇳🇱 🇭🇷 🇪🇸 🇮🇹 🇩🇰 🇵🇹 🇧🇪 🇭🇺🇨🇭 🇵🇱
2 – 🇫🇷 🇦🇹 🇨🇿 🏴 🏴 🇮🇱 🇧🇦 🇷🇸 🏴 🇫🇮
3 – 🇺🇦 🇦🇱 🇳🇴 🇸🇮 🇮🇪 🇮🇸 🇲🇪 🇷🇴 🇸🇪 🇦🇲
4 – 🇬🇪 🇬🇷 🇹🇷 🇰🇿 🇱🇺 🇦🇿 🇽🇰 🇧🇬 🇫🇴 🇲🇰
5 – 🇸🇰 🇬🇧 🇨🇾 🇧🇾 🇱🇹 🇬🇮 🇪🇪 🇱🇻 🇲🇩 🇲🇹
6 – 🇦🇩 🇸🇲 🇱🇮Draw to be held on October 9
— We Global Football (@We_Global) September 27, 2022
Лига на нации: Влаховиќ и Митровиќ ја однесоа Србија во дивизијата А