3 C
Скопје

Македонија нема речиси никаква надеж за почеток на преговори годинава, бугарското вето ќе остане

Повеќе високи дипломати од земји членки на ЕУ за МИА потврдија дека Северна Македонија речиси сигурно ќе биде блокирана од страна на Бугарија на следниот министерски совет на Унијата, на кој требаше конечно да биде усвоена преговарачката рамка, јави дописничката на МИА од Брисел.

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Брисел се состанаа денеска да ги разгледуваат заклучоците што треба да бидат усвоени на 8 декември од страна на министрите за европски работи.

Од заклучоците е отстранета опцијата за вклучување на датум за одржување на првите меѓувладини конференции со Албанија и Северна Македонија поради ветото на Софија за Скопје, датумите ќе бидат вклучени во самите преговарачки рамки кога тие ќе бидат усвоени, објаснуваат дипломатите од земјите членки на ЕУ.

Прочитајте и...  ФОТО | Ерупција во Индонезија: Проработи најактивниот вулкан, испушти река од лава долга 1.500 метри

– Со оглед на ситуацијата можам да кажам дека нема многу надеж за меѓувладина конференција и отпочнување на преговорите со Северна Македонија оваа година поради ветото на Бугарија, вели за МИА дипломат од западна земја членка на ЕУ.

Бугарија на денешниот амбасадорски состанок повторила дека нема да даде зелено светло за Северна Македонија на идниот министерски состанок на 8 декември.

За Албанија ситуацијата е нејасна, велат од Советот, поради тоа што на земјата уште во претходните министерски заклучоци и беа наложени дополнителни услови. Сепак одреден број земји членки сметаат дека треба „посилна одлука за Албанија”, но неизвесно е дали Тирана сепак ќе добие почеток на преговорите оваа година, велат дипломатите.

Земјите на ЕУ кои важат за поддржувачи на проширувањето, сепак сметаат дека крајните заклучоци треба да бидат поспецифични дури иако не се вклучи никаков датум.

Прочитајте и...  Кипар ќе започне со постепено намалување на рестриктивните мерки

– Консултациите продолжуваат на оваа тема, велат од Советот на ЕУ.

Амбасадорите треба повторно да се состанат в среда.

Поврзани вести

Шилегов: Ништо не се работи на самото езеро Треска, туку во неговата околина

Слободен печат

Спектакуларно откритие на ЦИА: Руски научници правеле експерименти со екстрасензорни перцепции

Слободен печат

МАН: Собранието да ги избере новите членови во Советите на МРТВ и на АВМУ преку постоечкиот закон

Слободен печат

Германскиот министер за економија: Германија очекува економско ниво како пред кризата до средината на 2022 година

Слободен печат

Град Скопје и УКИМ ќе основаат Фондација „Развоен институт Скопје“

Слободен печат

Чаирскиот градоначалник Ганиу: Сопственикот на „Фонтана“ ме информира дека го враќа објектот во првобитната состојба

Слободен печат

Остави Коментар