Македонија нема да игра на Светското првенство во Египет!

Фото: macedoniahandball.com.mk

Светската ракометна федерација (ИХФ) објави дека Чиле е последната репрезентација која ќе игра на наредниот Мундијал.

Македонија ја загуби и последната шанса да настапува на Светското првенство 2021 во Египет. ИХФ одлучи последното слободно место да им го даде на Чилеанците. Последна, но не и реална, шанса на Македонија е евентуалниот отказ на некоја од репрезентациите кои обезбедија учество на светскиот шампионат.

Чиле беше фаворит на квалификацискиот турнир „Последна шанса“ во Средна и Јужна Америка кој сепак не се одржа поради пандемијата на коронавирусот.

Но, и покрај тоа Советот на ИХФ донел одлука да ја покани оваа јужноамериканска селекција која на СП ќе игра во групата „Г“ заедно со домаќинот Египет, Шведска и Чешка.

Потсетување дека поради ситуацијата со ковид-19 требаше да играме бараж против Франција, но ЕХФ ги откажа дуелите, па учество зедоа најдобропласираните 14 репрезентации од последното ЕП. Ние на тој континентален собир го освоивме 15 место, а не успеавме ни со „вајлд-кард“.

ВИДЕО: Годините не влијаат на ракометниот „Крал“, Лазаров прогласен за МВП!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот