Македонија нема да игра на ракометниот Мундијал, ракометарите не добија вајлд-карта

Фото: РФМ

Македонската ракометна репрезентација за прв пат по пауза од десет години нема да учествува на Светско првенство. ИХФ одлучи да не им даде вајлд-карта на ракометарите за СП во Египет 2021 година иако имаше подобар пласман на Европското првенство од јануари, од двете селекции кои беа „наградени“, Полска и Русија.

Ова значи дека Македонија по четири учества по ред, на ракометните Мундијали (2013, 2015,2017, 2019) нема да биде дел од едно Светско првенство.

Поради пандемијата на коронавирусот, Светската ракометна федерација ги откажа бараж-мечевите и нашиот противник во тие дуели, Франција го испрати на СП во Египет.

Во РФМ се надеваа дека ИХФ во доделувањето на вајлд-картите ќе го земе во предвид пласманот на ЕП кое се играше на почетокот од годинава и на кое Македонија има најдобар пласман од сите земји кои аплицираа за вајлд-карта, но наградени беа Полска и Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот