СпортФудбал

Македонија не ја играат, земјите од соседството сакаат да организираат ЕП или СП

Грција, Србија, Бугарија и Романија потпишаа меморандум за соработка за организирање на ЕП 2028 или СП 2030.

Министрите за спорт на Грција, Србија, Бугарија и Романија потпишаа меморандум за соработка за организирање на Европското фудбалско првенство во 2028 или Светското првенство во 2030.

Заменикот министер за спорт на Грција, Јоргос Василиадис, по потпишувањето рече дека „денес е голем ден”.

-Започнуваме заеднички обид, со насмевка и сериозност и со главен критериум, подобри денови за овој регион, за овие народи, во измачениот регион со кој светот најчесто се занимава со негативни вести. Ние сакаме да ги смениме ова и светот позитивно да се занимава со нас и да докажеме дека можеме заедно да правиме работи. Фактот дека меморандумот го потпишавме овде, во Солун, ја покажува и нашата политичка позиција за иднината за отворен Балкан и Солун во центарот на сите случувања, рече грчкиот министер.

Претседателот на фудбалската федерација на Грција, Евангелос Граменос, рече дека била правилна одлуката на владите, да бидат повикани и претставници на фудбалските федерации.

Меѓу нив не е Македонија која може да придонесе со неодамна преименувата национална арена „Тоше Проески“. Македонија нема шанси да биде дел од организацијата за СП бидејќи условот од ФИФА е стадионите на кои би се играле натпреварите мора да имаат капацитет од најмалку 40.000 седишта, но за ЕП е друга приказна, тука бараниот капацитет е минимални 32.000 седишта.

– Цврсто веруваме дека целиот овој обид може да се круниса со апсолутен успех, без разлика дали ќе ја добиеме едната организација, или другата, целта е дека ова треба да се постигне. Прашањето не е само фудбалско, јас мислам дека позитивните разврски што ќе произлезат од оваа иницијатива ќе покажат дека Балканот е регион што треба прво да го истакне самиот регион и дека е способен да оди напред со големи проекти и важни организации кои ќе го нагласат регионот, рече претседателот на грчката фудбалска федерација.

Тагови
Прикажи повеќе

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close