Македонија нарачува 100 илјади дози од руската вакцина „Спутник“

Со посредство на Руската амбасада во Македонија, ќе нарачаме и 100 илјади дози од руската вакцина „Спутник“, најави премиерот Зоран Заев, додавајќи дека е почнато да се прават преддоговори за во земјава да има вакцини против коронавирусот од сите производители.

– Во координација со министерот за здравство добив информација дека имаме капацитет според планот за предвидување, склучените договори и платените аванси, да направиме нарачка и од дополнителни 100 илјади дози од следна вакцина која би го надополнила севкупниот план, а не би предизвикало да останат вишок вакцини според планот на Министерството за здравство. Ќе нарачаме од „Спутник“ бидејќи има капацитет од дополнителни сто илјади дози да се направи порачка и оттаму – рече премиерот Заев.

Тој додаде дека кинеските вакцини треба да ги очекуваме до крајот на неделава, за што биле пратени писма до кинеската амбасада, која бара датум за испорака.

– До крајот на февруари треба да ги очекуваме кинеските вакцини. Засилена е динамиката. Верувам дека до крајот на неделава ќе стигнат. А за „Спутник“ датумот ќе го знаеме кога ќе ги прецизираме сите детали од договорите и пред договорите, истакна премиерот.

Близу 95 илјади граѓани преку сајтот вакцинација.мк и преку матичните лекари изразиле желба да се имунизираат. Дури 44 илјади граѓани над 70 години, возрасна група која е критична и исклучително важна за вакцинацијата да биде успешна, веќе се пријавиле за вакцина или преку матичен лекар или преку апликацијата на интернет. Таа група ќе биде втора по ред што ќе има предност да добие две дози од вакцината откако ќе се заврши имунизацијата на здравствените работници изложени во првите борбени редови во ковид-центрите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот