Македонија напредуваше на ФИФА ранг листата

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

ФИФА го објави нашето напредување од две позиции, иако „црвено-жолтите“ не забележаа позитивни резултати.

Моментно се наоѓаат на делба на 71 место (1333 поени) заедно со репрезентацијата на Кина.

Во последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство 2020 година во јуни во Скопје загубивме од Полска (0:1) и Австрија (1:4).

Оттогаш избраниците на селекторот Игор Ангеловски немаа никаква обврска, наредните ќе ги имаат во септември во евро квалификациите и гостувањата кај Израел и Летонија.

Во Топ 10 на врвот останува Белгија со 1746 поени, а сега на втората позиција е Бразил кој неодамна го освои трофејот на „Копа Америка“ и има 1726 поени.

На третото место падна актуелниот светски шампион Франција (1718), Англија остана четвртопласирана (1652), а Уругвај кој скокна за три места е петтопласиран (1637).

Редоследно од шестата до 10 позиција се наоѓаат селекциите на Португалија, Хрватска, Колумбија, Шпанија и Аргентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот