Македонија му пресуди на грузискиот селектор

epa07996384 Georgia's head coach Vladimir Weiss during a press conference in St. Gallen, Switzerland, 14 November 2019. Switzerland will face Georgia in their UEFA EURO 2020 qualifying soccer match on 15 November 2019. EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Селекторот на Грузија, Владимир Вајс, си поднесе оставка откако неговата репрезентација загуби од Македонија во финалето н абаражот за пласман на ЕП.

Македонските фудбалери, односно Горан Пандев кој го постигна единствениот гол на натпреварот, му пресудија на Вајс да си поднесе оставка.

– Мојата работа е готова. Времето ми истече. Им благодарам на грузиските навивачи, фудбалери и новинари. Ова беше тешко време, но беа тоа прекрасни пет години во мојот живот. Жал ми е – изјави Вајс.


Словакот на клупата на репрезентацијата на Грузија седна во март 2016 година, а договорот му истекуваше на крајот од 2020 година, но неуспехот го натера еден месец пред време да си замине.

Најголемиот успех, Владимир Вајс го имаше во репрезентацијата на Словачка кога на Светското првенство 2010 година играше во осминафиналето, додека на клупски план, во сезоната 2005/06 со Петржалка избори пласман во групната фаза во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот