Македонија може да очекува први вакцини до крајот на јануари, вели Филипче
Македонија очекува 833 илјади вакцини од Ковакс системот, потоа 800 илјади директно од Фајзер и 800 илјади од земјите од ЕУ што ќе одвојат од своите колични за нашата земја, истакна министерот з здравство Венко Филипче, додавајќи дека количините ќе се доволни за вакцинација на 1,2 милиони граѓани, или 60% од населението.
– Вчера стигна писмото од Ковакс механизмот, дека е можно да стигнат кон крајот на јануари или почеток на февруари. Ние вчера аплициравме во однос на подготвеноста, и практично аплициравме да бидеме во првата група на земји, согласно подготвеноста на нашиот систем во однос на чувањето, дистрибуцијата и да бидеме во првата група кои би ги примиле вакцините. Крајниот рок е 18 јануари, тогаш сите земји според еволуацијата на СЗО може да аплицираат, и потоа останува да видиме кога би пристигнале, изјави Филипче.
Тој откри дека првите вакцини што ќе пристигнат кај нас се на компанијата Фајзер, а преостанатите се очекува да бидат на АстраЗенека.
Коментарајќи ја ситуацијата со коронавирусот во моментов во земјава, Филипче рече дека истата е стабилна и дека и натаму продолжува трендот на намалување. Во однос на прекршувањето за време на пречесната на верниците низ храмовите смета дека прекршувањата не се значително големи ниту чести.
-Прилично се намалува бројот и на овие изминати денови има тренд на мал број на хоспитализирани пациенти ширум државата верувам дека вака ќе остане. Гледаме дека овие прекршувања на мерките не беа чести и не беа многу. Мислам дека сме во една навистина стабилна фаза во која добро се менаџираат и во делот на тестирање и болничкото сместување, вели Филипче.
Министерот откри и дека после 21 јануари може да се очекува олабавување на мерките, особено на онаа која се однесува на работното време на угостителските објекти, кои повторно би работеле до 21 часот.