Македонија ќе тестира против Хрватска и Израел пред Светското првенство 2023

Македонија по осми пат ќе игра на ракометните Мундијали/фото: macedoniahandball.com.mk

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација ќе настапи на Светското првенство во Полска и Шведска кое ќе се одржи од 11 до 29 јануари 2023 година.

Неодамна нашиот селектор Кирил Лазаров го објави поширокиот список на играчи на кои треба да смета за Мундијалот.

Нашите најдобри ракометари ќе играат во полскиот Краков во „Таурон“ Арената во групата „Ф“ со Норвешка, Аргентина и Холандија.

Како што објавуваат од хрватската ракометна федерација, непосредно пред стартот на СП, во јануари на „Кроација куп“ покрај домаќинот, ќе учествуваат и репрезентациите на Македонија и Израел.

И Хрватите кои исто така се учесници на Мундијалот, го објавија поширокиот список во кој има 35 играчи, а во истиот се наоѓа и екс играчот на Вардар 1961, Иван Чупиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот