Македонија ќе добие 4 милиони долари од продажба на имот во Њујорк: Продадена вилата во која Тито имал соба што не може да биде прислушувана

Фото: Профимедиа

По продажбата на една од најстарите њујоршки вили, која Југославија ја купила во 1946 година, Македонија треба да добие четири милиони долари како наследник на имотот што го имала во странство поранешната држава. Вилата е продадена за 50 милиони долари во готовина, потврди најголемата агенција за недвижности во САД, компанијата „Даглас Елиман”, а пренесе американскиот весник „Волстрит џурнал“.

Договорот за сукцесија на имотот на поранешна СФРЈ во странство предвидува од 123-те дипломатски претставништва на СФРЈ, на Босна и Херцеговина да ѝ припаднат 15 отсто, на Хрватска – 23,5, на Северна Македонија – осум, на Словенија – 14 и на Србија и Црна Гора, кои тогаш ја сочинуваа СРЈ – 39,5 отсто.

Поранешна резиденција на југословенска мисија во Обединетите нации се наоѓа на престижната Петта авенија на Менхетен. Новиот сопственик истакнал дека претседателот на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито, „иако комунист, имал многу добар вкус за недвижнини”.

Претставникот на Србија во Мешовитиот комитет за сукцесија на имотот своевремено изјави дека Србија со продажбата ќе се ослободи од големи трошоци за одржување и чување.

Вилата е изградена на четири нивоа и има два ката, 18 соби, шест бањи и винарска визба. Тоа беше првата зграда која имаше два електрични лифтови, кои се уште се во функција. Во неа е зачуван оригиналниот ентериер, а од 1969 година е под заштита на државата и градот Њујорк. За време на Студената војна, кога тука престојуваше и Тито, на врвот наводно имало соба која никој не можел да ја прислушува, како и непробојни прозорци кон Петтата авенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот