Македонија ќе заврши на 13 место на ЕП!? (ФОТО)

Фото: macedoniahandball.com.mk

Светските обложувалници веќе ги одвоија најголемите кандидати кои се фаворити годинава за освојување на европската титула, најголеми шанси има Данска.

Најдобрата македонска машка ракометна репрезентација на 10. јануари во Виена ќе го започне својот шести настап на континенталните собири.

За точно седум дена прв ривал во прелиминарната групна фаза ќе ни биде Украина, два дена подоцна избраниците на селекторот Данило Брестовац ќе ги одмерат силите против Чешка, а на 14. јануари и против еден од домаќините на ЕП, Австрија.

фото: sportsbetio.uk
фото: oddsportal.com

Учествуваат 24 селекции, а првопласираните две репрезентации од секоја група ќе бидат во главната фаза која ќе сочинува 16 селекции.

Според светските обложувалници Македонија ќе заврши на 13. место, што би било најслаб пласман на еврошампионатите. На нашето прво ЕП, организирано во 1998 година во Италија, ја освоивме 12. позиција, но со напомена дека тогаш настапуваа само 12 репрезентации.

Бранител на европскиот трофеј е Шпанија, а како најголем фаворит за титулата на ЕП 2020 според обложувалниците има Данска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот