Македонија ќе игра во Тампере, одбојкарите ги дознаа ривалите на ЕП 2021

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Денеска со жрепка во Хелсинки македонската машка сениорска одбојкарска репрезентација ги дозна противниците на Европското првенство кое ќе се одржи во четири земји (Финска, Чешка, Естонија, Полска) од 1 до 19 септември 2021 година.

Нашите репрезентативци ќе играат во финскиот Тампере во групата „Ц“ заедно со домаќинот Финска, потоа Русија, Холандија, Турција и Шпанија.

Ова е второ учество за нашата селекција на континенталните собири, дебито го имавме во 2019 година, и тогаш во групата ги имавме за ривали Русите, Турците и Финците.

Со Турците игравме и во квалификациите за учество на следното ЕП, загубивме на гости со 3:1, а дома се реванширавме со истиот резултат.

Во групата „А“ се Полска, Белгија, Србија, Украина, Грција и Португалија, во групата „Б“ Чешка, Италија, Словенија, Бугарија, Белорусија и Црна Гора и во групата „Д“ селекциите на Естонија, Летонија, Франција, Германија, Словачка и Хрватска.

Да додадеме уште дека в петок избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ во Шлагелсе ќе го започнат настапот и на вториот турнир во рамките од Европската Сребрена лига.

Од 19.00 часот силите ќе ги одмерат со домаќинот Данска од кого загубија на првиот турнир во Скопје (0:3). В сабота од 16.00 часот во вториот меч ќе се соочат со Израел, а в недела во истиот термин против Кипар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот