Македонија ќе игра и против обложувалниците! (ФОТО)

facebook.com/FudbalskaReprezentacija

В четврток од 20.45 часот македонската фудбалска А репрезентација ќе го игра седмиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година против селецкијата на Словенија.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски немаат друга алтернатива, освен триумф доколку сакаат да ја продолжат борбата за една од првите две позиции во групата „Г“ кои водат директно на континенталниот собир.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги повикува сите љубители на фудбалот и спортот воопшто да ги бодрат нашите „рисови“ да освојат три големи бода. Во првиот меѓусебен дуел во Љубљана ремизиравме со 1:1.

принтскрин/flashscores

Во продолжение да погледнеме како светските обложувалници го предвидуваат овој меч што ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Нешто помал коефициент имаат Словенците, па така и самите обложувалници се свесни дека на теренот ќе има голема борба и ќе биде неизвесно резултатски до самиот крај на средбата.

На пример, според „бет365“, квотата за победа на Македонија е моментно 3.40, а за Словенија е 2.35. Потоа, за „бетфер“ победа за Македонија коефициентот е 3.50, а за Словенија 2.15, итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот