Македонија испорачува најмногу фалсификувани алкохолни пијалаци во ЕУ

Царинските служби во Европската Унија спречиле влез на фалсификувани и опасни производи на европскиот пазар во вредност од 740 милиони евра во текот на 2018 година, соопшти денеска Европската Комисија.

Од нив фалсификуваните алкохолни пијалаци во најголем дел доаѓаат од Северна Македонија, додека Турција е главен извор на лажни козметички производи и парфеми како и на друг вид пијалаци.

Од Босна и Херцеговина највеќе пристигнуваат лажни пакувања, од Индија фалш информатички опреми, а од Камбоџа фалсификувани цигари.

Кинеските производи кои пристигнуваат на европскиот пазар и натаму најмногу ги прекршуваат европските правила на интелектуална сопственост, прецизира Европската Комисија.

Зголемен е бројот на фалсификувани мобилни телефони, тонери, и други производи од Хонг Конг.

Најчесто задржувани предмети на европските граници биле производите за домашна нега како лекови, играчки, и електрични направи во износ од 37 отсто, потоа цигарите со 15 отсто.

Од 57.433 во 2017 година, бројката на задржани производи на царина е зголемена на 69.354 во 2018 година.

Вкупно околу 27 милиони предмети го прекршувале правото на интелектуална сопственост.

– Царинските службеници ширум ЕУ успешно следеа и задржаа фалсификувани производи кои се често опасни за потрошувачите, нивната работа е дотолку потешка што расте бројот на мали пакувања кои влегуваат во ЕУ преку онлајн продажба, изјави Пјер Московиси, еврокомесарот задолжен за економија, финансии и царина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот