Македонија имаше одличен старт, ја декласираше Грција на Медитеранските игри

Македонските ракометари доминираа против грчката селекција во Оран, Алжир/Фото: Принтскрин/facebook/Македонски олимписки комитет

Најдобрата македонска репрезентација во својот прв натпревар на Медитеранските игри во Оран, Алжир, триумфираше убедливо над Грција со 39:21.

До 18 минута се играше гол за гол, а при нерешени 10:10 избраниците на селекторот Кирил Лазаров до крајот на првиот дел направија серија од 9:1 што беше клучно за освојување на првите бодови.

Предноста растеше во вториот дел, најголемата позитива изнесуваше пред самиот крај на мечот, на семафорот стоеше „плус 19“ за нашата селекција (39:20).

Лазаров им даде шанса на сите играчи, Серафимов беше најефикасен со седум голови, шест имаше Џонов, по пет Костески и Атанасијевиќ, а четири беа делона Ѓоргиев.

Во нашата група „Б“ домаќинот Алжир исто така имаше победнички старт, славеше против Турција со 32:27, а слободна беше селекцијата на Шпанија.

Следното второ коло ќе се игра в среда, Македонија ќе игра против Алжир, селекцијата на Шпанија за ривал ја има Турција, а слободни се Грците.

Во другата група „А“, Србија со 31:27 славеше над Словенија, додека Египет со 38:35 беше подобар од Италија. Слободна беше репрезентацијата на Тунис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот