Македонија има пад од шест позиции на новата ФИБА ранг листа

По завршувањето на Светското кошаркарско првенство 2023 што се одржа во Филипини, Јапонија и Индонезија, објавена е најновата ФИБА ранг листата.
Македонија има пад од шест позиции и се наоѓа моментно на 59 место со 187,4 поени.
Нашите најдобри кошаркари играа во олимписките претквалификации, во Талин избраниците на селекторот претрпеа три порази од Чешка, Естонија и Израел.
Германија е новиот светски шампион откако во финалето на последниот Мундобаскет против Србија.
Германците имаат скок од осум места и моментно се на третата позиција, САД иако не освоија медал повторно се на врвот, а сега Шпанците се второпласирани.
Летонија летово беше најголемото изненадување, на дебито на светските шампионати се пласираше на високото петто место и со скокот од 22 позиција сега е во Топ 10 најдобри кошаркарски репрезентации во светот.
Најголем напредок на новата ФИБА ранг листа има селекцијата на Јужен Судан од 32 места за моментно 31 место.
ФИБА ранг листа
Топ 10 –
1. САД 786,6 поени
2. Шпанија 778,2
3. Германија 759,7
4. Австралија 755,8
5. Србија 755,6
6. Канада 745,5
7. Аргентина 743,8
8. Летонија 743,7
9. Франција 736,3
10.Литванија 715,5