Македонија има најниска просечна плата во регионот

Највисоката просечна плата во регионот за мај оваа година е исплатена во Словенија и изнесува 1.113,88 евра, додека најниската е во Македонија и изнесува 413,67 евра.

Просечната плата во Хрватска изнесува 886 евра, во Црна Гора за јуни била исплатена плата од 516 евра, Босна и Херцеговина има просечна плата од 472 евра, додека Србија 470 евра.

Властите во Македонија постојано потенцираат дека просечната плата во земјава бележи континуиран раст. Владата се стреми во нејзиниот мандат да постигне зголемување на просечната плата од 500 евра, но тоа засега делува недостижно.

Со просечна плата од 413 евра, примањата на Македонците се непропорционални со трошоците. Според синдикалната кошница на ССМ на четиричлено семејство во месец јуни му требале 531 евро за да ги покрие основните трошоци. Последните статистики на Евростат, пак, говорат дека 61 отсто од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот