Македонија има европски шампион во карате, златен медал за Стојановиќ во Тампере

Стојановиќ во финалето со 5:4 го совлада Италијанецот Аванзини/Фото: kfm.com.mk

Денеска златен медал освои македонскиот каратист Стефан Стојановиќ на вториот ден од Европското првенство во карате во финскиот Тампере за кадети, јуниори и У-21.

Стојановиќ во категоријата над 76 килограми (јуниори) се најде на првото место откако во финалето го совлада Италијанецот Матео Аванзини со 5:4.

Претходно во првото коло го победи францускиот натпреварувач Амир Зуауи со 4:0, во второто коло против Мартин Елиас од Чешка победи со 3:2.

Во третото коло го победи Летонецот Артјом Јермолаев со предност на прв освоен поен (сејшу) со 1:1, а во четвртото коло беше подобар од Полјакот Хубер Јароцки со 2:1.

Претходно беше објавено дека Матеј Белистојаноски освои бронзен медал по победата над Максим Каширски (Белорусија) со 9:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот