Македонија и Србија заеднички ќе признаваат одобренија за овластен економски оператор

Влдата денеска го прифати усогласениот текст на спогодбата со Владата на Република Србија за заемно признавање на одобренија за овластен економски оператор за безбедност и сигурност (ОЕОС).

На седницата е усвоена Информација за склучување спогодба помеѓу Владата на Македонија и Владата на Србија за заемно признавање на одобренија за овластен економски оператор за безбедност и сигурност (ОЕОС), разгледан и прифатен е усогласениот текст на спогодбата, а директорот на Царината Ѓоко Танасоски е овластен да ја потпише.

„Разгледана и усвоена е и информација во врска со новоусогласениот текст на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија и Министерството за регионален развој и урбанизам на Република Бугарија, беше разгледан и усвоен новоусогласениот текст и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски беше овластен да го потпише и да ја информира Владата за неговата реализација“, соопшти владината прес-служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот