Македонија и Косово ќе играат годинава пред празни трибини!?

Фото: ФФМ

Според информациите полуфиналните натпревари за пласман на наредното ЕП ќе се играат во октомври, а финалето како последна пречка во ноември.

Како што пренесува британскиот „Дејли Мејл“, бараж средбите за учество на Европското првенство кое е презакажано за наредното лето 2021, ќе се одржат годинава во октомври и ноември. Воедно можно е овие мечеви да се одиграат пред празни трибини поради пандемијата на коронавирусот.

Сега прашање е дали (барем според досегашниот календар и формат на Лигата на нации) после полуфиналните мечеви, само пет дена подоцна ќе се одиграат и финалните!? Или пак како што пренесува истиот извор, полуфиналето ќе биде во октомври, а финалето во ноември.

И најдобрата македонска фудбалска репрезентација е помеѓу 16 селекции кои се борат за последните четири „билети“ кои обезбедуваат настап на континенталниот собир.

На нашите најдобри фудбалери им се потребни само уште две победи до историски успех, ривал во полуфиналето од УЕФА Лигата на нации ни е Косово, а доколку триумфираме на домашен терен, во финалето ќе играат на гостински терен кај Грузија или Белорусија.

Првично дуелот Македонија-Косово требаше да биде на 26 март на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје, но истиот мораше да се одложи.

Тоа веднаш се направи по барање на Фудбалската федерација на Македонија, но претходно први реагираа репрезентативците кои посакуваат да играат пред навивачите и љубителите на фудбалот, а и со оглед на тоа што имаме клучни играчи кои настапуваат во Италија и Шпанија, едни од најпогодените земји од Ковид-19.

Беше презакажано за 4 јуни, но и тој датум испадна, па после новиот состанок на УЕФА преку видеоконференција со националните федерации, од ФФМ информираа дека европската фудбалска куќа дополнително ќе го одреди новиот термин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот