Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Македонија и Јужна Кореја официјално воспоставија дипломатски односи, соопшти Министерството за надворешни работи во Сеул.

Заедничкото коминике за воспоставување дипломатски односи вчера во седиштето на ОН во Њујорк го потпишаа амбасадорот на Јужна Кореја, Чо Тае-јул и вршиштелот на работите во Мисијата на Северна Македонија во Светската организација, Сања Зографска Крстеска, пренесува јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

По воспсотавувањето на дипломатските односи, Јужна Кореја очекува засилени билатерални врски со Македонија на политички и на економски план, како и зајакнување на соработката во балканскиот регион, се вели во соопштението на јужнокорејското МНР.

Северна Македонија е 191-тата земја со која Јужна Кореја има воспоставено дипломатски односи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот