Македонија и без најсилните подобра од Турција

Фото: РФМ

Денеска во пријателскиот натпревар во рамките од ЕХФ неделата, избраниците на селекторот Данило Брестовац со резултат 26:23 триумфираа над турската репрезентација.

Нашата најдобра селекција иако без најдобрите како Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Дејан Манасков, Филип Талески и Филип Кузмановски во Ескишехир успеа да слави против Турција.

Нашата селекција постепено ја контролираше предноста, водеше со три голови разлика (3:0, 8:5), а на паузата заминаа со позитива од 15:11. Најефикасен во нашите редови беше пивотот Жарко Пешевски со осум голови.

Турција – Македонија  23:26 (11:15)

Македонија: Томовски, Кизиќ, Димитриоски 1, Костески, Танкоски 4, Крстевски 1, Кукуловски, Поповски 6, Младеновиќ, Пешевски 8, Јагуриновски 1, Маџовски 4, Димитриевски, Мишевски 1, Арсеновски и Велковски.    Седмерци: 3/4.   Исклучувања: 2 мин.

За в среда е најавен и контролен меч против италијанската репрезентација, а потоа нашите ракометари ќе се вратат во Скопје.

Натпреварите против Грузијците (во кои ќе се настапи со најдобрите) ќе се одираат на 25 октомври од 20:00 часот и на 26 октомврти од 18.00 часот во СЦ А1 Арена „Борис Трајковски“, а влез е слободен за сите љубители на ракометот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот