Македонија и Албанија потпишаа договор за соработка во индустриската сопственост

Албанија и Македонија потпишаа договор за соработка во областа на индустриската сопственост. Документот вчера во Тирана го потпишаа директорот на македонскиот Државен завод за индустриска сопственост (ДЗИС) Блерим Идризи и Ровена Беќирај, генерална директорка на албанскиот генерален директорат за индустриска сопственост (ДППИ).
– Целта на оваа средба беше потпишување на договорот за соработка во областа на индустриската сопственост со цел продлабочување на соработката меѓу двете земји. Двајцата директори изразија меѓусебна подготвеност и добра желба за соработка на ова поле со цел да се зголеми свеста за правата од индустриска сопственост, со што ќе се обезбеди најефикасно спроведување на овие права за соодветните држави – стои во објавата на двете институции.

Директорката Беќирај оцени дека овој договор е од големо значење.

– Потпишувањето на овој договор е стратешка обврска на Генералниот директорат за индустриска сопственост дополнително да ги зајакне билатералните односи на меѓународно ниво со колективните канцеларии од областа на индустриската сопственост – рекла таа, се посочува во објавата на ДППИ.

Двајцата колеги изразиле подготвеност да соработуваат на ова поле со цел да се зголеми свеста за правата од индустриска сопственост, а со тоа да се обезбеди најефикасно спроведување на овие права за соодветните држави.

Според објавата на македонскиот завод за индустриска сопственост на средбата учествувал и генералниот директор на Агенцијата за индустриска сопственост на Република Косово, Иса Дукај. Оваа средба била „резултат на многу добрата соработка помеѓу нашите три земји”.

– Трите канцеларии меѓусебно се договорија за организација на активности и координација на заеднички иницијативи, главно насочени кон промоција и свесност за правата од индустриска сопственост, нивна имплементација, но и активности поврзани со унапредување на географските ознаки – стои во објавата на ДЗИС

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот