Македонија и Албанија ги потврдија заложбите за зачувување на Охридскиот регион

Напорите на Северна Македонија и Албанија за заедничко управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион беа во фокусот на разговорот меѓу министерот за дијаспора и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми и албанскиот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај на денешната средба во рамките на 40. Генерална конференција на УНЕСКО.

Министрите, како што информираат од владината Прес-служба, детално разговарале за чекорите кои се преземаат и ќе се остварат во насока на операционализација и спроведување на одлуките на надлежните централни и локални власти, како и препораките на УНЕСКО.

– Заштитата на Охридскиот регион, квалитетот на живот на граѓаните и владеењето на правото е приоритет на Владата на Република Северна Македонија- изјави министерот Адеми.

Од своја страна, министерот Цакај ја потврди посветеноста и подготвеноста на Владата на Албанија целосно да биде ангажирана во заедничкото управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.

Утре, во рамките на учеството во генералната дебата на 40. Генерална конференција на УНЕСКО, министерот Адеми ќе има свое обраќање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот