Македонија ЃП поразена во Ерменија (ВИДЕО)

принтскрин

Екипата на Македонија ЃП е поразена со 3:1 на гостувањето кај Алаштерт во Ерменија, во првиот натпревар од квалификациите за Лигата на Европа.
Ерменскиот тим го постигна единствениот гол во првото полувреме преку Танков во 16. минута.

Добрата игра на „лавовите“  по примениот гол, вроди со плод во 52. минута, кога преку Јашаровски израмнија на 1:1. Сепак, ерманскиот тим брзо ја врати предноста, со голот на Секулиќ во 66. минута, за конечните 3:1 да бидат дело на Бразилецот во редовите на Македонија ЃП, Лима Да Силва Нето кој ја погоди сопствената мрежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот