Македонија ЃП го промовираше Наџи Шенсој

фото:фејсбук

Како што и официјално соопштија од клубот, 61-годишниот стратег роден во Призрен ќе седне на клупата на ѓорчепетровци. После репрезентативните обврски, погледите повторно се насочени кон домашното првенство пред чие продолжение имаме нова тренерска промена.

Време е за нови фудбалски возбудувања и ново по ред 15. коло од Првата македонска фудбалскал ига кое е на програмата овој викенд.

Дуелот ќе се игра од 13.00 часот, а останатите четири средби од колото во истиот термин, но в недела ќе играат Борец-Силекс, Шкендија-Ренова, Академија Пандев-Струга Трим Лум и Вардар-Шкупи.

В сабота екипата на Македонија ЃП на домашен терен ќе го пречекаат градскиот ривал Работнички. На дебито на новиот шеф на стручниот штаб на популарните „лавови“ од Ѓорче Петров ќе биде Наџи Шенсој кој доаѓа како наследник на досегашниот кормилар, Александар Таневски.

После 14 кола во шампионатот Македонија ЃП е на шестото место со 18 бодови, а последни се „романтичарите“ со 11. Шенсој во нашата земја веќе има водено една екипа, станува збор за битолски Пелистер во периодот од 2016-2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот