Македонија го крши мразот во мечот со Босна и Херцеговина

Одбојкарска та репрезентација на Македонија летово ја очекува настап во Европската сребрена лига и Медитеранските игри/ Фото: vfmkd.mk

На „црвено-жолтите“ добро би им дошла победа против БиХ вечерва во Скопје за успешен старт на патот што треба да ги одведе на ЕП.

Одбојкарската репрезентација на Македонија денеска со мечот против Босна и Херцеговина (18.00 часот) стартува на квалификацискиот турнир за Европското првенство 2021. „Црвено-жолтите“ ќе се обидат да се изборат за второ учество на едно ЕП, откако сефтето им беше на ЕП 2019.

Квалификацискиот турнир се игра во Скопје (СЦ „Борис Трајковски“) без публика. Во група сме со Турција и Босна и Херцеговина. Пласман на ЕП ќе обезбедат првопласираните во седумте квалификациски групи и петте второпласирани со најдобар резултат.

Планот на нашите одбојкари е да забележат две победи со БиХ и што подобар резултат со фаворитот Турција, за да се пласираат на ЕП. Однапред добиени мечеви нема, но ваква разврска реално е остварлива за Македонија. Капитенот Никола Ѓоргиев е оптимист.

Фото: cev.eu

– Репрезентацијата е 90 отсто подготвена за овие мечеви. Треба да сме оптимисти и со душа чекаме да почнат мечевите. Едвај го чекаме мечот со БиХ в понеделник и се надеваме дека ќе победиме и ќе ги израдуваме нашите навивачи. Многу ни значеа овие четири контролни меча што ги игравме (со Бугарија н.з.) и тоа ни е предност ако знаеме дека Турција и БиХ воопшто не играа контролки – вели Ѓорѓиев кој смета дека првиот меч и не мора да биде пресуден.

– Резултатот на првиот меч е битен и се почнува од тоа. Позитивен резултат со БиХ широко ни ги отвора вратите кон Европското првенство. Но првиот меч не мора да биде и решавачки. Како што видовме на претходното ЕП, прво изгубивме од Финска па потоа победивме на следните два меча и за малку ќе изборевме пласман во следната фаза. Значи резултатот од првиот меч е битен, но не е клучен. Секако ќе се бориме за победа на сите четири меча – вели Ѓорѓиев.

Фото: cev.eu

Неговиот колега Александар Љафтов смета дека на денешниот меч право на грешка немаме.

– Шансите да се пласираме на ова ЕП се поголеми од оние кога се боревме во квалификациите за минатото ЕП. Првиот меч ни е најважен, тука нема право на грешка, затоа што ни требаат две победи против БиХ. Ќе има малку грч во првиот меч, што е нормално. БиХ не треба да се потцени – вели Алексадар Љафтов.

На ЕП 2021 пласман веќе обезбедија Србија, Словенија, Франција, Русија, Италија, Украина, Германија, Белгија според пласманот од ЕП 2019, и земјите-домаќини Полска, Чешка, Финска и Естонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот