Македонија ги дозна ривалите во Лигата на нации! (ФОТО)

ffm.mk

Според најавите првите натпревари ќе се одиграат во периодот од 3-5 септември 2020, а мечевите од групната фаза ќе завршат на 15-17 ноември 2020 година.

Екс играчот на Арсенал, Швајцарецот Филип Сендерос на ждрепката ги извлекуваше репрезентациите кои ќе учествуваат во новото издание на Лигата „Ц“ од УЕФА Лигата на нации за натпреварувачката сезона 2020/21.

Во првото издание бевме дел од Лигата „Д“ каде што го освоивме првото место и автоматски обезбедивме место во повисок ранг, во овој случај Лигата „Ц“.

Денеска со ждрепка во Амстердам (Холандија) се формираа сите четири групи во Лигата „Ц“, а Македонија од вториот шешир ги чекаше ривалите.

принтскрин/уефа

Среќата сакаше да се најдеме во групата 2 каде што на прв поглед добивме неатрактивни, но воедно незгодни ривали: Ерменија, Естонија и Грузија.

Според најавите првите натпревари ќе се одиграат во периодот од 3-5 септември 2020, а мечевите од групната фаза ќе завршат на 15-17 ноември 2020 година.

Само првопласираната обезбедува место во повисок ранг, односно Лигата „Б“, а освен тоа финалните плеј оф мечеви ќе се играат во март 2021 година како додатна шанса за учество на Светското првенство 2022 во Катар.

УЕФА Лига на нации (Лига „Ц“)
Сезона 2020/21

Група 1
Азербејџан
Луксембург
Кипар
Црна Гора

Група 2
Ерменија
Естонија
Македонија
Грузија

Група 3
Молдавија
Словенија
Косово
Грција

Група 4
Казахстан
Литванија
Белорусија
Албанија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот