Македонија ги чека ривалите за пласман на ЕП 2022

Фото: macedoniahandball.com.mk

Континенталниот собир во 2022 година ќе се одржи во две земји, Унгарија и Словачка, тоа ќе биде втор европски шампионат со 24 репрезентации.

Од претходно Европската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката за извлекување на квалификациските групи за пласман на следното Европско првенство.

Континенталниот собир во 2022 година ќе се одржи во две земји, Унгарија и Словачка, тоа ќе биде втор европски шампионат со 24 репрезентации.

Ривалите ќе ги дознаеме утре (вторник, 16 јуни), ждрепката е 17.00 часот во Виена кога ќе се формираат осум квалификациски групи од по четири репрезентации.

Првопласираните две и четири најдобро третопласирани репрезентации од секоја група ќе обезбедат учество на ЕП 2022.

Македонија се наоѓа во вториот „шешир“ заедно со Австрија, Белорусија, Португалија, Србија, Русија, Црна Гора и Холандија. Овие селекции не можат да ни бидат противници во квалификациите.

Распоредот на квалификациските натпревари за пласман на ЕП 2022 –

1. коло 4-5 ноември 2020 година
2. коло 7-8 ноември 2020 година
3. коло 10-11 март 2021 година
4. коло 13-14 март 2021 година
5. коло 28-29 април 2021 година
6. коло 2 мај 2021 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот