Македонија е попривлечна и од Португалија за производство на медицински канабис

Медицински канабис / Фото: Архива на „Слободен печат“

Проценката за производството на медицински канабис во земјава само со актуелните 60 лиценци е преку 250 милиони евра што е 2,5 отсто од БДП. Верувам дека ќе имаме отрезнување од страна на опозицијата за деблокирање на законите во Парламентот. Во моментов бараме решение како да овозоможиме и извоз на цвет кој се употребува од индустријата за препарати за кожа, а има и други намени. Тоа ќе значи флексибилност во производството и привлечност за нови инвестиции, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Одговорајќи на новинарски прашања, Заев уште еднаш нагласи дека од вкупно издадените 61 лиценца, само една е на член на неговото семејство, односно на неговиот прв братучед.

– Од 61 лиценца, една е на член на моето семејство, на мој прв братучед. Останатите 60 се на други инвеститори во државата, домашни и странски. Во еден наврат мојот братучед и јавно рече „да ја затворам комапнијата ако е пречка за сите други”. Но, во сите македонски компании работат наши граѓани, платата е меѓу 700 и 1 500 евра. Во однос на поднебјето и климатските услови сме попримамливи и од Португалија, а како дестинација сме една од најпривлечните за инвестиции во медицински канабис, нагласи Заев.

Во законот, рече премиерот, е планирано покрај десетте отсто за данокот на добивка, да се плати и десет отсто од извозната фактура за шест намени: три отсто за ретки болести, два отсто за агенцијата за медицински канабис, 1,25 отсто за фонд за медиуми, 1,25 отсто за невладиниот сектор, 1,25 отсто за спорт и 1,25 отсто за културни настани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот